5.8 C
Skopje
24.2 C
Melbourne
среда, 4 декември, 2024
0
Дома Македонија ВМРО и ВЛЕН почнуваат разговори за принципи, па на ред ќе дојдат...

ВМРО и ВЛЕН почнуваат разговори за принципи, па на ред ќе дојдат функции

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од министерствата за внатрешни и надворешни работи, финансии, транспорт, додека албанската опозиција ги пикира ресорите политички систем, здравство, образование, култура, а ќе го бара и спикерското столче во парламентот.

Утре започнуваат разговорите меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од лидерот и иден мандатар Христијан Мицкоски, и ВЛЕН за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Оваа информација официјално ја потврдија партиски претставници, кои посочуваат дека првично ќе се разговара само за принципите на коалицирање, а не за ресори и функции.

Сепак, еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, веќе изјави дека ќе го бараат спикерското столче во Собранието, кое досега го имаше ДУИ.

Покрај тоа, никој јавно не говори за министерски ресори, но одредени неофицијални информации велат дека албанската опозиција цели на неколку министерства.

Едно е од нив е здравство, кое би можело да заврши кај Таравари, кој е поранешен министер, а оваа функција до неодамна ја водеше неговиот близок соработник Фатмир Меџити.

Исто така, се споменува и министерството за култура, на кое наводно типува Беса на тетовскиот градоначалник Биљал Касами.

Понатаму, лидерот на Алтернатива Африм Гаши се поврзува со министерството за економија, а во игра се и образование и труд и социјала.

Како речиси сигурно се смета дека првиот човек на Демократско движење Изет Меџити ќе го добие Министерството за политички систем, а пакетот треба да вклучува и влијателно директорско место.

Инаку, конечната распределба на владиниот колач ќе зависи и од тоа дали ЗНАМ ќе биде трет владин партнер, бидејќи во таква ситуација ќе добие еден или два ресори, при што се споменуваат одбрана, правда, локална самоуправа, па и здравство и култура.

Она што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од моќните и влијателни ресори како МВР, МНР, финансии, транспорт и врски, земјоделство, а веројатно и од информатичко општество и администрација, каде се планираат реформи.

Паралелно со преговорите со ВЛЕН, а потоа евентуално и со ЗНАМ, како што рече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да дојде до 61 пратеник со помош на други пратеници кои постизборно давале сигнали дека сакаат да им се придружат.

Засега, нема потврда за кои пратеници станува збор, односно дали за дел од „помалите“ коалициски партнери на СДСМ, или пак за дел од коалициските партнери со кои на една предизборна листа настапи ДУИ.

За потсетување, СДСМ настапи во коалиција со НСДП, ЛДП, ДОМ, ВМРО-НП и уште неколку партии, од кои повеќето не влегоа во парламентот, додека ДУИ настапи со Зијадин СелаМендух Тачи, Скендер Реџепи, Аријанит Хоџа, како и турска, ромска и бошњачка партија.

Melbourne
few clouds
24.2 ° C
24.7 °
22.8 °
52 %
5.1kmh
20 %
сре
23 °
чет
30 °
пет
31 °
саб
22 °
нед
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img