Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека многу го погодило тоа што Македонија гласала за Резолуцијата за Сребреница.
– Црна Гора не ме погоди, мене повеќе ме погоди Северна Македонија, во која вложив многу. Направив многу труд да ги продлабочам односите со нашите браќа Македонци. Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Црна Гора не ме ни допре. Не ме разочараа, бидејќи тоа го очекував. Нема да им испратиме протестна нота ни затоа што гласаа дека сме геноциден народ. Но, да кажам нешто. Во 2006 година Црна Гора рече дека сакаат да бидат сами, не сакаат да бидат со нас и подобро им е така. Тие отидоа. Тие веќе во 2008 година го признаа Косово“ рече Вучиќ.