Парламентот на Република Српска во средата доцна вечерта одлучи да иницира процес за усвојување на нов устав за тој ентитет, игнорирајќи ги предупредувањата од Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) дека тоа драстично ќе ги прекрши Дејтонскиот договор и уставот на Босна и Херцеговина.
Нацртот на новиот устав на Република Српска го дефинира ентитетот како држава која има право на самоопределување и зружување со други држави, го предвидува правото на овој ентитет на своја војска и ги укинува позициите на потпретседателот на Република Српска од редовите на Хрватите и Вошњаците, како и Советот на народите кои во моментов е гарант за каква-таква рампноправност на припадниците на трите конститутивни народи.
За оваа одлука гласаа претставници на владејачкото мнозинство контролирано од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на чија иницијатива беше покрената иницијативата поради истрагата што Обвинителството на БиХ ја спроведува против него и други лидери на ентитети под сомнение дека го извршиле кривичното дело за поткопување на уставниот поредок на БиХ или канцеларијата и полициските агенции во тој субјект.
Почетокот на иницијативата за измена на уставот на Република Срспка дојде веднаш откако Обвинителството на БиХ побара Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на парламентот Ненад Стевандиќ да бидат приведени, откако ги игнорираа повиците за сослушување.
Вишковиќ и Стевандиќ тогаш се залагаа за потребата од усвојување на нов устав на седницата на парламентот на Република Српска ги обвинија опозиционерите кои се спротивставија на тоа дека се предавници, што доведе до низа расправии, навреди и пцости за време на дебатата.
„Се бараат нашите глави затоа што сакаме да ги зачуваме уставот, територијата и имотот на Репулаика Српска“, рече Стевандиќ, но тој се соочи со критики од опозицијата, која тврди дека зад тоа стои обидот да се заштити Додик, што, предупредија, директно го доведува во прашање опстанокот на РС.
„Нѐ водите во изолација, ни ја уривате куќата“, им порача Игор Црнадак, шеф на пратеничката група на опозициската Партија за демократски напредок (ПДП) на претставниците на владејачката коалиција, заслужувајќи ги обвинувањата на премиерот Вишковиќ дека е странски платеник кој добил стан во Лондон како награда за предавство. „Срам да ти е, Радоване, што така лажеш“, одговори Црнадак.
Пред парламентарната седница, ОХР ги предупреди пратениците дека усвојувањето на нов устав на ентитетите врз основа на нацрт кој веќе се појави во јавноста „претставува сериозна опасност“ за Дејтонскиот договор, но и за статусот на округот Брчко.
„Сите претставници во Националното собрание на РС и Советот на народите на РС треба да бидат свесни дека овој процес претставува сериозна опасност. Тие мора да ја извршат својата должност и да го отфрлат овој напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина и мултиетничкиот карактер на РС“, се вели во соопштението на ОХР.
Ваквиот развој на ситуацијата во БиХ дојде откако лидерот на босанските Срби, Милорад Додик беше осуден на затворска казна и забрана за извшување функции поради одбивањето да ги спроведе одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница чие именување без вообичаената расправа во Советот за безбедност на ОН не го признаваат во ентитетот Република Српска, како и Русија и Кина како постојани членки на телот на светската организација
Додик одговори на казната со иницирање закони со кои властите на Република Српска се обидуваат да ги спречат државните судски и полициски органи да дејствуваат во тој ентитет. Притоа, Додик посочува дека ова е втор обид да се наруши Дејтонскиот мировен договор од 1995 година со кој беше запрена војната во БиХ.