2.8 C
Skopje
25.2 C
Melbourne
четврток, 21 ноември, 2024
0
Дома Балкан Вучиќ претстави седум барања за Косово: Итни локални избори, формирање на ЗСО...

Вучиќ претстави седум барања за Косово: Итни локални избори, формирање на ЗСО и плаќање во динари

Меѓу барањата се и оние за фер и слободни избори, враќање на српските судии и обвинители на правни позиции, враќање на Србите во полицијата на северот на Косово, како и итно формирање Заедница на српски општини

Распишување локални избори на северот на Косово, враќање на Србите во полицијата и правосудството и повлекување на специјалните полициски сили на Косово од северот – ова се дел од клучните барања на официјален Белград кои денеска ги изнесе српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста.

Исполнувањето на барањата, како што вели Вучиќ, според позицијата на Србија, е неопходен предуслов за значаен напредок во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ најави дека Белград ќе започне „глобална дипломатска кампања“ за да ги исполни барањата.

„До крајот на ноември ќе имам средби со 60 светски лидери, премиери и претседатели и на сите ќе им ги покажам фактите за Косово“, рече Вучиќ.

Тој, како што се наведува во документот доставен до српските медиуми, најавил и дека српскиот парламент ќе донесе одлука во која ќе се констатира „незаконитоста“ на сите тела и институции формирани на Косово по прогласувањето на независноста.

Вучиќ изјави дека Србија се стреми да го врати „сето она што е постигнато во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија.

Со ова, како што вели, Белград покажува дека е „поодговорен“ од Приштина и од „оние што се гаранти на договорот“.

„Знаевме дека Приштина нема да го исполни Бриселскиот договор. Добивме гаранции и верувавме дека барем со потписот на ЕУ нешто ќе значи. Испадна дека ни тоа не го почитуваат, дека не е така, кога почнува уривањето на Бриселскиот договор и желбата Косово по секоја цена да биде независно, со исчезнувањето на Србите. А тоа беше особено изразено во ерата на Албин Курти“, изјави Вучиќ истакнувајќи ги барањата, изјави Вучиќ истакнувајќи ги барањата.

Вучиќ смета дека исполнувањето на барањата ќе ги елиминира „клучните последици од едностраните и некоординирани акции“ на Владата на Косово на чело со премиерот Албин Курти.

Првото барање е да се распишат и одржат „слободни и демократски“ локални избори на северот на Косово, со учество на мисијата на ОБСЕ и контрола на Европската унија.

Според Вучиќ, Србија бара враќање на Србите во регионалната дирекција на косовската полиција за север, во согласност со Бриселскиот договор.

Третото барање е враќање на српските судии и обвинители на судските позиции.

Вучиќ вели дека се бара и повлекување на специјалните сили на косовската полиција од, како што пишува во документот „незаконски изградените бази и контролни пунктови“ на северот на Косово, како и нивно повлекување од сите институции „кои давале витални јавни и административни услуги на граѓаните од 1999 година до нивното незаконско затворање во 2024 година“.

Едно од барањата на Белград е и „итно, неодложно и конечно“ формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) „без натамошни политички игри“.

„Затоа што ни е јасно дека 12 години тоа беше само игра која се користеше за купување време, со цел ЗСО никогаш да не се формира и да се укинат сите права на Србите“, се наведува во документот.

Исто така, се бара итно спроведување на гаранциите на Европската унија и САД од 28 декември 2022 година и итно ослободување на сите политички затвореници уапсени од косовската полиција.

Ова барање, како што се наведува во документот, е поради нивниот демократски, граѓански или политички активизам, а тоа особено се однесува на оние кои се уапсени за учество во мирни протести или барикади.

Седмото барање на Србија, како што пишува во документот е итно обезбедување на непречени платежни трансакции и поштенски услуги во динари.

Вучиќ рече дека е договорено Народното собрание во рок од 45 дена да донесе закон со кој Косово ќе се прогласи за област на посебна социјална заштита, со што ќе се гарантира правото на финансиска поддршка за невработените.

„Српските институции и привремените тела на Косово нема да бидат укинати или затворени, што ќе го спречи Албин Курти да ја оствари својата главна политичка цел – да ги исели и целосно да ги елиминира институциите на Србија и Србите на Косово“, додаде Вучиќ.

Тој изјави дека ќе се формира специјално обвинителство за гонење на злоупотреби и кршење на основните човекови права, узурпација на имот, загрозување на физичкиот интегритет и достоинство на граѓаните на Република Србија, кое, како што вели, ќе има посебна задача да истражува и гонење на кривични и незаконски дејствија на функционери и службеници на привремени институции во Приштина.

Melbourne
clear sky
25.2 ° C
28.5 °
22.6 °
54 %
7.2kmh
0 %
чет
25 °
пет
32 °
саб
35 °
нед
20 °
пон
22 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img