2.8 C
Skopje
25.2 C
Melbourne
четврток, 21 ноември, 2024
0
Дома Балкан Во Европа помала минимална плата од Македонија има во Косово, Босна и...

Во Европа помала минимална плата од Македонија има во Косово, Босна и Албанија

Околу 35.000 вработени земаат минимална плата која сега изнесува 22.567 денари, обелодени Сојузот на синдикати кој бара минималецот да се зголеми на 450 евра, што ќе повлече зголемување на платите и на останатите речиси 600.000 вработени во приватниот и јавниот сектор. Оваа идеја на синдикалците предизвика негодувања кај премиерот Христијан Мицкоски, кој барањата на синдикалците ги оквалификува како партиски и непринципиелни.

Премеирот вели – пари за зголемување на минималната плата нема во државната каса за тоа да се спроведе во јавниот сектор. Во приватниот сектор сѐ помалку се нуди минимална плата, но минималец од 27.675 денари (450 евра) дефинитивно би ги поматил сметките на газдите.

Податоците покажуваат дека помала од нашата, во моментов има на Косово и во Босна и Херцеговина.

На Косово, според пишувањата на тамошните медиуми, минималецот не е мрднат од 2011 година и е 130 евра за работници до 35 години и 170 евра за работници до 65 години. Оваа тема е жешка во косовските медиуми, особено затоа што минатата година се изгласа закон, според кој, минималната плата треба да биде 250 евра, но тој се оспорува и не се применува.

Во Федерација Босна и Херцеговина минималната плата е 316 евра, а во Република Српска минималецот е поголем и изнесува 460 евра, пишува Мојаплата.ба.

Од другите земји во регионот кои не се во ЕУ, Србија има минималец од 400 евра, а Црна Гора – 450 евра. Од земјите од поранешна Југославија кои го фатија приклучокот кон ЕУ, Хрватска има минимална плата од 677 евра, а Словенија 902 во нето износ.

Melbourne
clear sky
25.2 ° C
28.5 °
22.6 °
54 %
7.2kmh
0 %
чет
25 °
пет
32 °
саб
35 °
нед
20 °
пон
22 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img