„Кажав „ќе видиме“ и дека има однапред закажани посети и потоа кажав „ќе видиме“. Значи, одлуката за тоа ќе ја донесеме од 10 до 15 октомври. Но нема никаков сомнеж дека добив важен повик, како што и од претходно имаме закажано важни посети“, кажа српскиот претседател.
Тој одговори и на прашањето на новинарите за коментар на медиумските наслови дека му кажал „њет на Путин“.
„Видов повеќе наслови, видов дека некои тврдат дека нешто сум одбил, некои кажуваат дека нешто сум прифатил. И цел ден лажеа и едните и другите. Јас кажав „ќе видиме“. Ќе им оставам и на едните и на другите кои никогаш не разбрале што е суверена политика да ме напаѓаат“, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека се гордее со тоа што „Србија води независна политика и што никој друг нема да му одредува каде, кога и со кого ќе се гледа“.
„И уште еднаш ќе ги прашам сите што сакаат да ѝ префрлат на Србија дека не е 100 отсто усогласена со политиката на Брисел или некои други. А зошто вие воопшто имате министерство за надворешни работи? За што служи? За да примите мејл од Брисел не ви е потребно министерство туку двајца луѓе. Што ќе ви се толкави згради? Убаво само ќе прифатите што ви кажале и тоа е тоа“, заклучи Вучиќ.