Рокот за поднесување на кандидатури за партиски лидер во СДСМ истекува денеска. До сега пријавени се тројца кандидати, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Венко Филипче. Tројцата претенденти кои во текот на вчерашниот ден ги поднесоа своите кандидатури, ја истакнаа потребата од обнова на партијата. Останува да се види дали уште некој ќе пројави амбииции да ја води партијата која на последните избори претрпи силен пораз.
Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае заклучно со денешниот ден. Внатрепартиските избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни оваа година.
Меѓувреме, со одлука на Централниот одбор на 9 јуни ќе се одржи отчетен Конгрес, на кој покрај анализите на причините за изборниот резултат, Централниот одбор ќе предложи и измени на Статутот на партијата, односно мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.