17.8 C
Skopje
15.4 C
Melbourne
Wednesday, 1 May, 2024
0
Дома Македонија Владата ги усвои предлог законските измени со цел ефикасна реализација на коридорите...

Владата ги усвои предлог законските измени со цел ефикасна реализација на коридорите 8 и 10 д

Европско знаменце за спас од блокад. Вицепремиерот Артан Груби во друштво со половина влада денеска најави дека влада ќе предложи пет нови законски измени за договорот со „Бехтел и Енка“, со европско знаменце.

На ваков чекор се одлучиле бидејќи коридорите 8 и 10Д се додадени како европски, а законите се блокирани во Законодавниот дом. Со нив, според Груби, ќе се заштедат време и пари.

Груби вели и дека не постои зборот „пенали“ во договорот, иако опозицијата обвинува дека во она што тие го имаат добиено од свиркач, има предвидено дополнителни трошоци ако не се изгласаат законските измени. Сумата од 1,3 милијарди евра произлегла од физибилити студија, направена по нарачка на градежниот факултет, но до неа е дојдено без пресметани ДДВ, увозни давачки и акциза – трошоци кои треба да се укинат со новите законски решенија. Во ЗРО пак, се предвидува плаќање прекувремено за работа над 40 часа неделно и задолжително почитување на одредбите за неделен одмор.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пак, вели дека сега се отпочнува со подготовки, за да може да се проектира во фази и откако ќе заврши проектирањето, ќе почне изградбата.

Со законските измени кои ќе се поднесат во Собранието, владата ќе може да носи одлука кој објекти се од стратешко значење, но Бочварски не гледа тука можност за корупција. Како пример ги даде гасоводите и железничките пруги, за кои вели, владата би можела да даде „пас“, тие да се градат побрзо. Опозицијата пак и денеска го повтори повикот на Христијан Мицкоски, да излезат на ТВ дуел со премиерот Димитар Ковачевски за договорот со „Бехтел и Енка“.

ТВ 24 испрати прашање до кабинетот на Ковачевски дали ќе го прифати барањето, со понуда овој дуел да се одржи на нашата телевизија, но до овој момент, одговор не добивме.

Melbourne
few clouds
15.4 ° C
16.2 °
13.8 °
68 %
6.2kmh
20 %
Wed
15 °
Thu
16 °
Fri
17 °
Sat
16 °
Sun
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img