Thursday, May 13, 2021
HomeUncategorizedШилегов за бугарска телевизија: Скопје го ослободиле партизаните од бугарскиот фашистички окупатор

Шилегов за бугарска телевизија: Скопје го ослободиле партизаните од бугарскиот фашистички окупатор

Градоначалникот на Скопје и висок функционер на СДСМ Петре Шилегов не се согласува со официјалната политика на подвиткана кичма каква што води неговиот лидер Зоран Заев.

Како гостин со јавување во живо на бугарската ТВ Европа, Шилегов зборува за местото на Тито во празнувањето на 13 Ноември, теза што ја наметна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. За него изместувањето на тезите е барање алиби за глупоста што ја прави Бугарија кон Македонија.

Ставот на Заехариева е глупост. Обидувајќи се а ја спаси позицијата на Бугарија, која повеќе ѝ нанесува штета на Бугарија отколку на Македонија, се обидува да ги изместува тезите. На 14 Ноември во Скопје се отвори изложба дојдена од Белград од поставката на Јосип Броз и ништо друго. Барајќи алиби за сопствената глупост, ќе вадиме од контекст и ќе објаснуваме необјасниви работи, вели Шилегов.

За него Бугарите се фашистички окупатори кои ја окупирале земјава во 1941 година, а Скопје во 1944 година го ослободиле партизаните – од окупаторите Бугари.

Да се разбереме, Скопје го имаат осободено партизанските единици на НОБ, придружувани или во дел од трансформираната бугарска војкса. Она што се случилово 41 година е окупација на Македонија од царската бугарска војска, која потоа се трансформирала во ослободителен фронт. Но тоа се работи кои дефакто се случиле. Тие биле тука затекнати акко окупациска војска, вели Шилегов.

Според скопскиот градоначалник, романтичното толкување на бугарскјата историја во двете светски војни е тоа што најмногу ѝ штети на самата Бугарија.

Она што не можеме да го избегнеме е дека Бугарија била колаборатор, соработувач со фашистичка Германија, вели тој.

Обидот на водителот да ја актуализира фразата бугарско администрирање во Македонија наместо бугарска окупација, шилегов го пречека со потсмев.

Мојот град загубил 5000 жители, цивилно население, во „администрирањето“, 950 во борби со „администраторите“. Би сакал да бидеме за нијанса покоректни едни кон други како народи за да можеме навистина да си ја искористиме шансата што си ја даваме со Договорот. Она што во моментов се случува е враќање на позициите на Бугарија, што за мене е неразбирливо, вели Шилегов.

Според него, алиби за глупоста е и тврдењето на Бугарија дека во земјава се води антибугарска кампања, додавајќи дека позициите на Захариева се едноставно непринципиелни.

Реакциите во Македонија, според Шилегов се оправдани, бидејќи никому не му треба документ за да му каже дека е Македонец.

Најлошото нешто во моментов е тоа што се случува, да се враќаме назад во историјата за да бараме алиби за сопственото поведение. На нашите граѓани имтреба подобра сегашност и извесна и стабилна иднина. Некогаш во политиката и не треба дипломатија, замислете да ми кажете дипломатски дека моите корени се бугарски исто и јазикот, ако е спакувано во добар збор не значи дека е правилно. Долгорочно ова е губитничка позиција пред сѐ за Бугарија, одговори Шилегов на забелешката дека не зборува баш дипломатски.

На прашањето, нели е лесно да се одговори на барањето од Софија да кажеме дека корените ни се бугарски, Шилегов возврати со прашање: „Ако бевме во обратна позиција, и кажевме ‘да, само ако кажете дека вашите корени се македонски‘, што ќе одговоревте?“, но остана без одговор од водителот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img