21.8 C
Skopje
12.3 C
Melbourne
Tuesday, 21 May, 2024
0
Дома Македонија Пендиков се жали дека добива закани, овој месец се враќа во Македонија

Пендиков се жали дека добива закани, овој месец се враќа во Македонија

Христијан Пендиков,  секретарот на сега затворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, за „БНТ“  изјавил дека најистакнатите македонски Бугари, кои добиваат најмногу закани, немаат бугарско државјанство, но доставиле документи пред многу години.

Тој пред два дена доби бугарско државјанство. Тој за бугарската телевизија вели дека и понатаму добива закани, кои се зголемиле по официјалното добивање на документите.

„Сакаме да имаме еднакви права како и другите кои живеат во Северна Македонија. Бугарите прво беа малтретирани од државните институции, како што е полицијата. Потоа, нивните фотографии беа споделувани во различни онлајн групи каде што ги нарекуваа предавници и повикуваа на насилство, рекол тој и додал: „Нè направија како црн ѓавол во Македонија. Бугарското државјанство му дава да се чувствува спокоен како Бугарин до крајот на животот“, изјави Пендиков.

Тој за бугарската телевизија изјавил дека ќе се врати во Македонија на крајот на месецот на следното судско рочиште за нападот врз него.

Пендиков, кој е роден во Охрид, во јануари годинава беше нападнат во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро, наводно, поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Во јавноста излегоа информации дека нападот се должи и на нерасчистени односи меѓу него и напаѓачите, но настанот набрзо доби политичка конотација.

Против него се води предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

Melbourne
broken clouds
12.3 ° C
13.2 °
10.7 °
71 %
3.1kmh
75 %
Tue
13 °
Wed
14 °
Thu
14 °
Fri
14 °
Sat
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img