13.8 C
Skopje
11.3 C
Melbourne
Tuesday, 7 May, 2024
0
Дома Македонија На што се должи засилената реторика во односите Скопје - Софија?

На што се должи засилената реторика во односите Скопје – Софија?

Бугарски професор и член на Клубот за македонско-бугарско пријателство смета дека виновникот за лошите односи мегу двете земји е бугарската дипломатија, а условите кои се испорачуваат од Софија се досега невидени.

Додека експертската група се очекува наскоро да излезе со текстот на уставните амандмани за внесување на бугарите во уставот, односите мегу Скопје и Софија деновиве минуваат под засиелна реторика. Дел од аналитичарите причината за провокациите ги гледаат во сензитивниот политичкиот момент во кој се наоѓаат двете земји, посебно Бугарија каде се уште се чека составот на новиот владин кабинет. Петар Арсовски очекува смирување на страстите откако ќе бидат познати предлозите за уставните измени.

„Кога има предизборен период секогаш доминира домашната реторика. Кога има период кога се составува влада или владата е тазе, исто доминира домашната реторика. Кога има помирен период и преовладува реалноста на меѓународните односи таа реторика се смирува. Јас очекувам дека кога ќе излезат предлозите од работната група за уставните измени и ако тој процес се придвижи понатаму, дека сепак условно речено таа реторика ќе почне полека да се смирува. До тогаш ние сме заглавени во еден наратив за домашна публика.

Бугарскиот професор по економија и член на Клубот за бугарско – македонско пријателство, Красен Станчев, причината за ваквите реакции ја гледа во бугарските политичари. Спред него лошите односи помеѓу двете земји се резултат на немањето дипломатија.

„Нема дипломатија затоа што Бугарија покренува такви барања за членство на Македонија и Албанија во ЕУ затоа што не постојат како критериуми за членство. И тие не се вклучени педесет години како критериуми за членство за да се избегнат точно такви спорови. Друго нешто кое е многу важно и тоа го тврдиме многу одамна и не само јас, бугарската реторика кон Македонија нема никаква разлика со реториката на Путин кон Украина.

Пред само неколку дена премиерот Димитар Ковачевски од Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик ги осуди обвинувањата на потпретседателката Јотова дека системски се прекршуваат правата на Бугарите во Македонија. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, порача премиерот Ковачевски, прозивајќи ја Софија дека не ги почитува пресудите од Стразбур.

Инаку, според најавите, нацрт – амандманите треба да бидат подготвени во текот на следниот месец и да се најдат пред пратениците. Но останува неизвесно дали и како ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство со оглед на тоа што опозицијата останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени.

Melbourne
mist
11.3 ° C
12.6 °
7.5 °
91 %
4.1kmh
20 %
Tue
16 °
Wed
18 °
Thu
17 °
Fri
17 °
Sat
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img