10.8 C
Skopje
13.6 C
Melbourne
Saturday, 4 May, 2024
0
Дома Македонија Европарламентарците дадоа поддршка, Македонија да добие 100 милиони евра за реформски процеси...

Европарламентарците дадоа поддршка, Македонија да добие 100 милиони евра за реформски процеси и економска стабилност

Европарламентарците изгласаа на Република Македонија да и се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши.

Макрофинансиската помош е условена со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со имплементацијата на политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, јавно-приватни партнерства, подобрување на деловната околина, фискалната транспарентност, транспарентноста во доделување на државна помош, енергетска ефикасност, реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата. Предвид се зема и Инструментот за претпазливост и ликвидност кој Министерството за финансии минатата година го обезбеди преку ММФ, а кој Фондот го има само со земји со здрави економски фундаменти.

Владата го поздравува одобрувањето на Макрофинансиската помош за нашата земја, која е уште еден од многуте примери за партнерството кое го имаме со ЕУ и нивната континуирана поддршка кон нас. Заложбата на нашата Влада за спроведување на реформите и покрај повеќе напоредни глобални економски кризи изминатите години, се најдобар доказ за посветеноста кон европскиот пат и желбата нашата иднина да биде во рамки на големото европско семејство.

Melbourne
broken clouds
13.6 ° C
16.9 °
12 °
82 %
3.6kmh
75 %
Sat
16 °
Sun
18 °
Mon
19 °
Tue
18 °
Wed
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img