27.8 C
Skopje
6.9 C
Melbourne
Sunday, 19 May, 2024
0
Дома Македонија Мицкоски прифаќа само тет-а-тет средба со Kовачевски

Мицкоски прифаќа само тет-а-тет средба со Kовачевски

Продолжува битката за позиции меѓу власта и опозцијата пред најавената лидерска средба Kовачевски-Mицкоски.

Една недела по јавниот повик на премиерот Ковачевски за лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, се уште не е познато кога точно првите луѓе на најголемите политички партии ќе седнат на иста маса да дебатираат околу уставните измени. Од двете страни потврдуваат само дека средбата да се случи следниве денови, но не се знае ниту каде, ниту во кој формат ќе се состанат.. Во интервју за 360 степени, Мицкоски рече дека преферира тет-а-тет средба, бидејќи праксата во минатото покажала дека во поширок состав разговорите не вродиле со плод и биле бесцелни.

„На така широк формат, не лидерска туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и, практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно на лидерска средба да излеземе со некаков заклучок.“

Дали ќе дојде сам или со неговите сопартијци, одлуката е негова- одговорија од владејачката СДСМ. Оттаму велат дека од исходот на лидерската средба ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ е за европската иднина или за изолација на Македонија. Друга опција освен продолжување на преговорите преку промена на уставот, според СДСМ нема.

„Христијан Мицкоски е поканет на исклучително важна средба на која ќе се разговара за иднината на државата. Тоа не е приватна средба. Меѓутоа, доколку тој нема доверба во раководството на својата партија, оставаме самиот да одлучи – дали ќе дојде сам или со дел од раководството на партијата, бидејќи ние не сакаме да се мешаме во внатрепартиските односи на ВМРО-ДПМНЕ. “

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека владејачката партија се однесувала детски и недораснато, и повторија дека освен преку медиумите, официјална покана досега не добиле.

„Премиерот Ковачевски не го пуштаат сам да оди на лидерска средба поради две причини – првата е поради тоа што Али Ахмети не му дава и се чувствува запоставен, а втората е зашто раководството на СДС нема доверба во Ковачевски.“– велат од опозициската партија..

И во последното интервју на Мицкоски, ништо не навестува дека двете страни се блиску до било каков договор.. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека откако Ковачевски ќе го образложи планот за промена на уставот, втората точка на разговорот треба да биде што доколку тој обид пропадне, со предлог веднаш да се распишат предвремени избори…

Ова ќе биде втора средба на Ковачевски и Мицкоски за темата промена на уставот, откако лани во ноември на лидерска сите парламентарни партии ги соочија аргументите во Собранието, но не беше постигнат никаков договор.

Melbourne
broken clouds
6.9 ° C
10.9 °
2.9 °
79 %
4.1kmh
75 %
Sat
10 °
Sun
14 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img