13.8 C
Skopje
13.6 C
Melbourne
Thursday, 2 May, 2024
0
Дома Австралија Најголемиот крокодил во светот наполни 120 години, на научниците им нуди нови...

Најголемиот крокодил во светот наполни 120 години, на научниците им нуди нови сознанија за долговечноста

Крокодилот Касиус, кој уште од 2011 година е прогласен за најголем крокодил во светот, во заробеништво, наполни 120 години, пишува „Лајв сајенс“ (Live science).

Крокодилот, кога го заробиле во 1984 година, во паркот „Маринленд“, Австралија, било проценето дека е на возраст од околу 30 до 80 години. Неговата должина во тоа време изнесувала дури 5,13 метри, па бил запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем крокодил во светот.

„Имаше должина од 5,13 метри, а најмалку 15 сантиметри му недостасуваа од опашката и муцката. Тој уште тогаш беше голем стар крокодил. Крокодилите со таа големина не се нормални“, изјавил Греам Веб, истражувач на крокодили кој учествувал во фаќањето на крокодилот.

По речиси 40 години, крокодилот сè уште живее во паркот „Маринленд“, Австралија, а неговата долговечност им дава нова надеж и сознанија на научниците.

Негувателите во паркот велат дека, иако се работи за возрасна единка, крокодилот Касиус сè уште има многу енергија и секогаш е спремен за интеракција.

Melbourne
broken clouds
13.6 ° C
16.9 °
11.6 °
75 %
3.6kmh
75 %
Thu
16 °
Fri
17 °
Sat
16 °
Sun
16 °
Mon
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img