Monday, March 8, 2021
Home Популарно Мајк Пенс ѝ честиташе на Камала Харис

Мајк Пенс ѝ честиташе на Камала Харис

Потпретседателот на САД, Мајл Пенс телефонски ѝ честиташе на својата наследничка Камал Харисм, јавува „Си-Ен-Ен“.

Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа. Претседателот во заминување, Доналд Трамп досега не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа.

Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар” и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка.

Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност. За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Популарно

- Реклама -