7.8 C
Skopje
10.6 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Балкан „Големата петорка“: За Србија и Косово нема европска иднина ако не ги...

„Големата петорка“: За Србија и Косово нема европска иднина ако не ги нормализираат односите

Квинтата порача дека нападот на косовската полиција од 24 септември мора детално да се истражи и оти очекува целосна соработка од Србија за ова прашање. Вучиќ оцени дека имал тежок состанок со „големата петорка“, а Курти излезе со порака дека треба нов пристап во дијалогот.

За Србија и Косово нема европска иднина ако не бидат нормализирани нивните односи и не бидат имплементирани договорите, порача специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Тој во Белград, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека напаѓачите на косовската полиција во Бањска на 24 септември мора да бидат изведени пред лицето на правдата, како и дека тој инцидент мора детално да се истражи.

Претставникот на ЕУ потенцираше дека западните земји силно го осудуваат нападот и додаде оти очекува целосна соработка на Србија за ова прашање.

Лајчак беше дел од таканаречената „голема петорка“ или Квинатата што на 21 октомври прво ја посетија Приштина, па Белград. На состанокот со Вучиќ, покрај претставникот на ЕУ присуствуваа и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, како и со главните советници на лидерите на Франција, Германија и Италија – Емануел Бон, Јенс Плоетнер и Франческо Тал.

Melbourne
broken clouds
10.6 ° C
12.6 °
7.9 °
82 %
2.6kmh
75 %
Sat
17 °
Sun
21 °
Mon
15 °
Tue
15 °
Wed
16 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img