Според извештајот на Комитетот за надзор и одговорност во Претставничкиот дом на САД, Рама потрошил илјадници долари во хотел на Трамп.
Комитетот за надзор и одговорност во Претставничкиот дом на САД подготви детален извештај за тоа како Доналд Трамп ја злоупотребил позицијата на претседател за да профитира милиони долари од светските лидери, во кој се споменува и премиерот Еди Рама, објави Ора њуз.
Во извештајот стои дека за време на претседателствувањето на Трамп, во периодот од 2017 до 2020 година, премиерот на Албанија, Еди Рама и неговите советници, како и министер од албанската влада, потрошиле илјадници долари во хотелот „Трамп Интернационал“ во Вашингтон.
-Премиерот Рама избрал да престојува во хотелот за време на неговата посета во март 2017 година. За две ноќевања Рама и неговите помошници потрошиле 3.474 долари. Тие останаа на ист кат со господинот Агрон Неза. Нема индикации во записите дека сега осудениот висок функционер на ФБИ, Мекгонигал, за примање поткуп, престојувал во хотелот во истиот период а кој се поврзува со Рама, и неговите советници Неза и Доријан Дучка, наведува телевизијата.
На 18 и 19 јануари 2018 година, Дучка, престојувал во хотелот на Трамп за 1.503 долари. Во истиот хотел на 3 и 4 март 2018 година престојувале Рама и неговите советници Ендри Фуга и Кеиси Сефери чиј престој чинел по 1.158 долари, додека од 24-26 јуни истата година во хотелот престојувал тогашниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури за 1.025 долари.