Панел дискусијата насловена „Справување со безбедносните предизвици со (не)интегриран Западен Балкан во Европската Унија”, која се одржа во рамки на Преспа форум за дијалог беше посветена на безбедносните состојби во регионот и потребата од забрзување на процесите на европската и евроатлантската интеграција како гаранција за зачувување на регионалната стабилност.
Панел дискусијата ја отвори генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид која нагласи дека е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ. „Ја поддржуваме младинската соработка, оригиналните програми за домување, се грижиме за луѓето погодени од конфликти”, истакна Шмид.