18.8 C
Skopje
19.2 C
Melbourne
Friday, 29 March, 2024
0
Дома Англиски Македонецот од Мелбурн Димитар Тасевски (Џими) загина во сообраќајна несреќа на пат...

Македонецот од Мелбурн Димитар Тасевски (Џими) загина во сообраќајна несреќа на пат Прилеп – Крушево

На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Димитар Тасевски (46) од Мелбурн, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Димитар Тасевски кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп и Јавен обвинител – информираат од СВР Битола.

Melbourne
clear sky
19.2 ° C
21.2 °
17.8 °
78 %
4.1kmh
1 %
Fri
19 °
Sat
23 °
Sun
23 °
Mon
28 °
Tue
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img