Според него, на 5 декември истекле правилата според кои унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ можела да извезува деривати од руска нафта на пазарите во Хрватска и Чешка.

„Јасно дадовме до знаење дека нема да ставиме вето на 12-ти пакет санкции ако МОЛ може да продолжи да извезува нафтени деривати на чешкиот и хрватскиот пазар“, кажа Сијарто на прес-конференција.

Шефот на унгарската дипломатија претходно изјави дека Будимпешта ќе бара од Европската Унија да го продолжи изземањето на националната нафтена компанија МОЛ од санкциите против Русија за уште една година.

Тој ја критикуваше Хрватска како транспортна рута за доставување енергенси во регионот.

Сијарто укажа дека Хрватска ги кренала транзитните такси за испорака на нафта, кои сега се четири пати поскапи од пазарната цена и оцени дека не е чесно да се остварува голема добивка во време на војна.