11.8 C
Skopje
9.1 C
Melbourne
Saturday, 20 April, 2024
0
Дома Економија Ковачевски: Во 2016 година беа потребни 4.5 минимални плати за една потрошувачка...

Ковачевски: Во 2016 година беа потребни 4.5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, а денес се потребни само 2

Растот на платите и пензиите и во услови на најголема криза е она што е важно за нашата земја на европскиот пат, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворената трибина во рамки на кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на тема – енергетикa во Куманово.

„Горд сум на сработеното, на она што го направивме со министрите во овие изминати години на криза, прво ковид, па енергетска криза, и сите тие треба да бидат горди на она што го направивме од аспект на економските резултати“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари што е за зголемување за околу 100 евра во споредба со 2016 година.

„Минималната пензија денес е 13.200 денари, а во 2016 година била 9000 денари, што претставува покачување од 4000 денари.Просечна плата во септември оваа година е скоро 38000 денари,што е покачување за 250 евра споредбено со 2016 година кога изнесувала нешто над 22.000 денари. Во тоа време просечната плата била колку што е сега минималната. Во државата денес имаме највисока минимална плата која сега е 20.175 денари,а во март ќе изнесува 22.5000 денари,“ рече Ковачевски.

Тој изјави дека за период од околу 3.5 години, намениле пакет антикризни мерки во вредност од околу 2 милијарди евра за граѓаните и стопанството

„Ги активиравме хидро-потенцијалите, мотивиравме употреба на обновливи извори на енергија, како што е поставување на фотонапонски панели, за што ги олеснивме процедурите за нивно поставување како за граѓаните така и за компаниите. За нешто за што беа потребни 6 месеци за вадење на дозвола, сега е потребно само еден ден известување,“

Тој посочи дека подршката од ЕУ исто така била од големо значење, а воедно упати благодарност за подршкаат од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

„Германија е наш голем пријател, земја во која извезуваме половина од нашиот извоз, држава од каде доаѓаат половина од нашите странски директни инвестиции. Германскиот канцелар и Влада секогаш се на располагање на нашата држава при носењето на одлуките во Европската унија,и да не заборавиме дека претседателката на ЕК е исто така од Германија,“ рече Ковачевски.

Melbourne
few clouds
9.1 ° C
10.5 °
6.8 °
90 %
1.5kmh
20 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
24 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img