Рафаел Надал по скоро една година пауза се врати на терените и заигра на турнирот во Бризбејн каде што стигна до четвртфиналето и беше елиминиран од Џордан Томпсон со 2:1 во сетови (5:7, 7:6, 6:3).
Надал во овој меч добро стартуваше, но подоцна одново имаше проблеми со повреда и бараше медицински тајм-аут. По мечот Шпанецот објасни дека чувствувал болки во мускулот и тоа била причината поради која го побарал медицинскиот тајм-аут.
„Проблемот е на слично место како и минатата година, но не е ист. Да беше така, веднаш ќе знаев. Минатата година тоа беше лигаментот, а сега во прашање е мускулот. Морам да видам каква ќе биде ситуацијата утре, се надевам дека ќе бидам спремен да тренирам за следната недела за Мелбурн. Најмногу ме загрижува што е во сличен предел“, изјави Надал по поразот во мечот во кој испушти три меч топки.
Австралија Опен оваа година се играа од 14-ти до 28-ми јануари во Мелбурн, а трофејот ќе го брани Новак Ѓоковиќ кој во минатогодишното финале го победи Стефанос Циципас.