Во 9. коло од Серија А Интер и Јувентус го одиграа можеби најлудото дерби меѓу нив во последните децении.
Домаќинот водеше, па гостинот направи пресврт, па на крај Јувентус освои злато вреден бод.
Конечни 4:4. Сега после 9 кола, Наполи е прв со 22 бода, Интер е втор со 18, а Јувентус е трет со 17 бода.
Бјанконерите останаа единствен непоразен тим во Серија А со учинок од 4 победи и 5 нерешени средби и гол разлика 15:5.