Осимен не попушти со своите барања, иако Челси испрати неколку понуди до неговиот агент, па поради тоа напаѓачот ќе остане во Наполи.
Напаѓачот има уште три дена да ја реши својата иднина, односно да се пресели во Саудиска Арабија, но ако не се случи такво нешто, тогаш Осимен ќе остане во Наполи и тоа би можело да предизвика хаос во тимот од Неапол.
Челси се обидуваше да го договори и Ајван Тони од Брентфорд, меѓутоа фокусот го насочи кон Осимен и на крајот остана со празни раце.