Неколку часа по квалификациите на патеката во Зандворт, донесени се важни одлуки кои го менуваат стартниот редослед!
На холандското ГП пред првата трка од продолжението на сезоната по летната пауза, квалификациите донесоа многу интересни работи и се уште не е завршена.
Луис Хамилтон беше казнет со три позиции назад, додека Алекс Албон беше дисквалификуван поради технички прекршок.
Хамилтон, еден од водечките возачи, се соочува со казна од три места поради инцидентот со возачот на Ред Бул, Серхио Перез за време на Q1 сесијата. Бавното движење на Хамилтон на патеката го принуди Перез да забави, што го налути Мексиканецот.
Перез ја изрази својата фрустрација преку радио и нагласи дека инцидентот влијаел на неговата способност да се квалификува што е можно подобро
Стјуардите одлучија дека Хамилтон го прекршил членот 37.5 од прописите на ФИА, поради што утрешната трка ќе ја започне од 15 наместо од 12. место.
Покрај казната на Хамилтон, стјуардите донесоа уште еден важен пресврт: Алекс Албон од Вилијамс беше дисквалификуван поради технички нерегуларности.
Иако Албон првично се квалификуваше на осмото место, тој ќе биде принуден да стартува од последното место поради проблеми со подот на болидот.
Техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, откри дека подот на болидот ги надминал дозволените димензии.