14.8 C
Skopje
17.7 C
Melbourne
недела, 30 март, 2025
0
Дома Спорт Шампионот запиша прва сезонска победа – Интер лесно се справи со Лече

Шампионот запиша прва сезонска победа – Интер лесно се справи со Лече

Шампионот на Италија во второто коло го победи Лече со 2:0 и така се извади за непланираниот кикс во Џенова, со која на стартот ремизираше 2:2.

Бранителот на титулата вечерва заврши прилично рутинска работа пред домашната публика, иако настапи без својот најдобар играч Лаутаро Мартинез, кој се повреди, а чие место во стартниот состав заедно со Маркус Турам го зазеде Иранецот Мехди Тареми.

Интер навреме го „отвори“ Лече и поведе веќе во петтата минута преку Дармијан. Ди Марко нафрли од левата страна, Тереми убав проследи со глава за Дармијан, кој со одмерен удар од четири метри со глава ја уфрли и топката под гредата, за 1:0.

Потоа Лече одолеваше до 69. минута, кога дефинитивно беше „скршен“.

Гаспар го собори Турам во својот шеснаесетник, судијата Ди Марко покажа на белата точка, а Хакан Чалханоглу го претвори пеналот во 2:0.

Интер сега има четири бода на своето конто, додека Лече се уште е на нула.

Melbourne
overcast clouds
17.7 ° C
18.6 °
16.5 °
89 %
5.1kmh
100 %
саб
18 °
нед
21 °
пон
20 °
вто
21 °
сре
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img