Одржување на нови избори на северот на Косово, обезбедување учество на Србите во нив и формирање на Заедница на српски општини се барањата на европските претставници, изјави Жозеп Борел високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ).
Високиот претставник изјави дека овие барања биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи.
Како што пренесуваат агенциите, тој објавил дека на самитот на европските лидери во Молдавија разговарал со Вучиќ и Османи за „опасната ситуација на Косово“.
Борел во објава на својот Твитер профил наведе дека доколку тоа не се направи ќе има сериозни последици во однос на односите со ЕУ.