Чајот од шипинки е совршен топол напиток кој ќе ве заживее и ќе го зајакне вашиот имунитет бидејќи има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот. Сепак, треба да се направи на вистински начин за да се зачува целиот тој витамин Ц.
Шипинките се берат во октомври и почетокот на ноември и не треба да ја чекате зимата без нив, доколку сакате силен имунитет. Богати се со висока содржина на витамин Ц, витамин Б2, каротин, манган, пектин, лимонска киселина.
Чајот од шипинки се препорачува за зајакнување на имунитетот, при воспаление на бубрезите, отстранување на камења и песок од бубрезите.
Бидејќи витаминот Ц е термолабилен, со готвење чај или џем од шипинки на температури повисоки од 60 степени, тој се губи, иако остануваат зачувани многу други фитонутриенти кои не се термолабилн.
Рецепт за чај од шипинки
Измијте, исчистете и исечете една лажичка шипинки на четвртинки. Сварете 200 мл вода и оставете ја на страна да се излади. Кога ќе се подизлади додадете ги шипинките, поклопете и оставете го чајот да отстои околу 20 минути. По желба додадете лимон или лажичка мед и пијте една до две шолји дневно.