10.8 C
Skopje
12.7 C
Melbourne
Sunday, 5 May, 2024
0
Дома Здравје Влегуваме во нова ера на лекување на Алцхајмер? Новиот лек драстично ја...

Влегуваме во нова ера на лекување на Алцхајмер? Новиот лек драстично ја успорува болеста

Можно е да се наоѓаме пред новата ера во лекувањето на Алцхајмеровата болест. Имено, се покажало дека веќе втор лек за помалку од една година ја успорува оваа болест. Експертите велат дека сега сме на прагот до достапност до лекови, нешто што неодамна изгледало невозможно, пишува „BBC“.

Фармацевтската компанија „Eli Lilly“ извести дека нејзиниот лек – „donanemab“ – го забавува ритамот на Алцхајмеровата болест за околу една третина. Меѓутоа, два волонтери, а можеби и трет, починале од опасни отоци на мозокот.

Како делува новиот лек?

„Donanemab“ делува на ист начин како и „lekanemab“, кој бил на насловните страни ширум светот кога беше докажано дека ја успорува болеста. Двата се сведуваат на антитела како оние кои телото ги создава за нападна вируси, но тие се осмислени да ги исчистат лепливите дамки на мозокот, наречени бета амилоид.

Амилоидот се собира во просторите меѓу мозочните клетки, создавајќи карактеристични наслаги кои се едно од обележјата на Алцхајмеровата болест.

„Децении долгата битка за пронаоѓање на третмани кои влијаат на Алцхајмеровата болест се менува“, вели д-р Кат Мумери, директорка на клиниката за когнитивни нарушувања во Националната болница за неврологија и неврохирургија во Обединетото Кралство и додала:

„Сега влегуваме во период на модификација на болеста во кој би можеле да се надеваме дека ќе лекуваме и третираме некој со Алцхајмерова болест, со долготрајно лекување на болеста“.

Што се знае за тестовите?

Целосните детали за тестовите на компанијата „Eli Lilly“ допрва треба да бидат објавени, но познати се клучните факти:

• 1.734 луѓе учествувале во најраната фаза на испитувањето на Алцхајмеровата болест.

• „donanemab“ е применуван како месечина инфузија сè додека карактеристичните наслаги во мозокот не исчезнале.

• Темпото на болеста е забавено за околу 29% вкупно и за 35% во група пациенти за кои научниците очекувале дека ќе имаат најдобри резултати

• оние кои го примиле лекот исто така имале поквалитетен секојдневен живот – на пример можност за расправање за актуелни настани, возење или хобија.

Меѓутоа, оток на мозокот била вообичаена нуспојава кај дури една третина од пациентите. Во главно било благо или асимптоматско и било откриено на снимките од мозоците – но 1,6 проценти од пациентите развиле опасно отекување на мозокот. Два смртни случаи се директно припишани на тоа, а трет доброволец починал по случен случај.

„Охрабрени сме“

„Охрабрени сме од потенцијалните клинички поволности кои „donanemab“ може да ги пружи, иако постојат ризици кои може да бидат сериозни и опасни по живот, како и кај многу ефективни третмани за исцрпувачки и смртоносни болести“, рекол претседателот на „Eli Lilly“ за невронаучно истражување и развој, д-р Марк Минтун.

Компанијата објавила дека следните неколку месеци ќе започне процес за одобрување на својот лек за употреба во болниците.

Д-р Лиз Култхард од Универзитетот во Бристол рекла дека постојат значајни нуспојави и недостиг на долгорочни податоци, но дека лекот би можел да им помогне на луѓето подолго и подобро да живеат со болеста. Тоа што двата лека ја успоруваат болеста таргетирајќи го амилоидот во мозокот исто така ги уверило научниците дека се на прав пат по децении неуспеси.

„Супер е што има два лека“

„Ова би требало ги оттурне сите сомнежи за овој пристап. Да се има два лека е супер за конкуренцијата“, вели проф. Џон Харди од британскиот Институт за истражување на деменција, чиј труд пред 30 години довел до идејата да се таргетира амилоидот.

Д-р Сузан Колхаас од организацијата „Alzheimer‘ Research UK“ изјавила: „Сега сме на прагот од првата генерација третмани за Алцхајмеровата болест, за што многумина мислеа дека е невозможно пред само десет години“.

Меѓутоа, изгледа дека овие лекови делуваат само во најраните фази на болеста – пред мозокот да биде премногу оштетен. Ако бидат одобрени во Обединетото Кралство, сепак ќе биде потребна револуција во начинот на дијагностицирање на болеста за да може да се направи разлика.

Само 1-2% од луѓето минуваат низ скенирање на мозокот или анализа на спиналната течност за да се утврди дали имаат навистина Алцхајмерова болест или некој друг облик на деменција против кој лековите би биле бескорисни. Ни трошоците не се занемарливи. „Lekanemab“ чини повеќе од 21.000 фунти по лице годишно.

Melbourne
broken clouds
12.7 ° C
14.5 °
11 °
85 %
3.1kmh
75 %
Sun
19 °
Mon
19 °
Tue
17 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img