Во подземен тунел под Вуковиот споменик и Панчевачки мост, во Белград, дошло до судир на патнички и товарен воз околу 18:30 часот.
Пожарникарите спасувачи успеале да евакуираат девет повредени и им ги предале на екипите за брза помош на понатамошно згрижување, соопшти министерството за внатрешни работи на Србија.
„На лице место и понатаму се припадници на министерството за внатрешни работи и ги преземаат сите мерки и дејства од своја надлежност“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
За тоа што е причината за судирот нема официјални информации, а наскоро треба да почне увидот за да се утврди како дошло до несреќата, јавува Н1.