16.5 C
Skopje
9.6 C
Melbourne
сабота, 17 мај, 2025
0
Дома Балкан Српските граѓани бараат одземање на дозволите на Пинк и Хепи за да...

Српските граѓани бараат одземање на дозволите на Пинк и Хепи за да не ја „трујат“ нацијата

На социјалните мрежи се споделува петиција во која српските граѓани бараат одземање на дозволите на српските телевизии Пинк и Хепи. Велат дека со реалити шоуа овие телевизии ја „трујат“ нацијата, пропагираат неморал, дискриминација, кривични дела и други спорни работи кои ја вознемируваат јавноста.

„Бараме на телевизиите Пинк и Хепи да не им се доделуваат национални фреквенции. Овие две телевизии во голема мера ги користеа своите национални фреквенции за да го прекршат Законот за електронски медиуми“, стои во описот на петицијата.

Авторите на петицијата подетално објасниле зошто таа е отпочната.

„Иако се општи даватели на медиумски услуги, што значи дека мора да имаат документарни, културни, научно-образовни и детски програми, овие две телевизии имаат врска со детска програма само кога во нивното студио ќе повикаат локален политичар за кој сведоци тврдат дека подведува малолетници. Ние имаме обврска да застанеме на патот на ваквите гнасотии, без оглед на потенцијалните несогласувања, политички разлики или различни определувања“, стои во описот на петицијата која ја потпишува Лука Трипковиќ од Здружението за заштита на уставноста и законитоста и народното движење „Kreni – Promeni“.

Велат не сакаат нездравото да стане нормално. И многу познати личности повикаа граѓаните да се потпишат на петицијата.  Досега над 370.000 луѓе се потпишале на петицијата. 

Последниве денови имаше два масакри во Србија. Во Белград ученик уби 9 луѓе, а доцна синоќа младо момче во Младеновац уби 8 луѓе. Вчера во Белград, девојката со нож избоде ученик и наставничка.

Melbourne
overcast clouds
9.6 ° C
10.9 °
8.8 °
87 %
5.5kmh
100 %
саб
10 °
нед
13 °
пон
13 °
вто
17 °
сре
13 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img