Судија за претходна постапка на Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К., таткото на 13-годишното момче која на 3 мај во Белград уби осум ученици и работник на обезбедувањето, а рани седум.
Осомничениот В.К. се терети дека извршил кривично дело тешки дела против општата безбедност, се наведува во соопштението.
Против решението за притворот може да се поднесе жалба.
Во средата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беше извршено масовно убиство, кога малолетниот К.К, син на В.К. почнал да пука и убил осум ученици и работник на обезбедувањето.