Турција би можела од Италија да ја преземе командата на силите на КФОР на Косово , а промената е планирана за наесен, пишува Блумберг.
Турски функционер, со кој медиумите разговараа анонимно, изјави дека Турција ќе ја преземе командата на КФОР во октомври.
Ваквата одлука се разгледуваше долго време, но дури сега е дефинитивно донесена, наведува Блумберг.
КФОР моментално има околу 3.800 војници на Косово, а Турција неодамна испрати засилување. Според Блумберг, војниците на 65-та моторизирана пешадиска бригада на турската армија пристигнале на Косово.