Силниот дожд кој од синоќа паѓа во различни делови на Србија доведе до излевање на реки и поројни потоци, поради што е прогласена вонредна состојба во 42 општини.
Во местото Адранe кај Краљево водата го однела мостот на ибарската магистрала поради што тој дел од автопатот кон Чачак е во прекин..
Во текот на ноќта и утрината беа евакуирани повеќе од 70 луѓе.. Најркитично е во Трстеник и во Јагодина, каде реката Белица достигна критично ниво.
Два градски моста се затворени за сообраќај и затворени со песочни вреќи..
Во Крагуевац поради обилните врнежи од дожд поплавени се подрумските простории на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар.