Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, кој вчера ја заврши посетата на Албанија, им се заблагодари на албанскиот премиер Еди Рама и на народот на Албанија за нивното гостопримство и како што наведе, чест му е да се работи со нив за толку години за зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.
„Им благодарам од се срце на премиерот Еди Рама и на народот на Албанија за вечерта што никогаш нема да ја заборавам. Беше чест да работам со вас толку многу години за да ги зајакнеме пријателските врски меѓу нашите земји и да изградиме подобар свет за сите“, рече Клинтон.
За време на оваа посета, Рама на поранешниот американски претседател му ја врачи наградата „Ѕвезда на благодарноста за јавните достигнувања“.