Грција веќе неколку дена се бори со шумските пожари. Издадена е наредба за евакуација на најмалку шест приморски места, бидејќи пожарите полека се доближуваат до викендиците во околината на Атина. Ветрот кој дува со 70 км на час им помага на пламените јазици лесно да поминат низ грмушките од ридовите и боровите шуми, кои веќе се исушени од екстремната топлина.
Авиони и хеликоптери го изгаснаа пламенот во близина на Лагониси, околу 40 километри југоисточно од Атина, во област со илјадници викендици.
Противпожарната служба извести за втор голем шумски пожар во шумска област во близина на туристичкиот град Лутраки, каде што беа евакуирани детски летен камп и центар за рехабилитација за постари лица. Накратко беше спречена евакуацијата на поради прекин на мобилната телефонија. Локалните власти јавија дека пламените јазици стигнале до рабовите на населените места во Лутраки и Лагониси, при што предизвикале штети на некои домови, но противпожарната служба немала првична официјална проценка за штетите.
Пожарникарите немале време насекаде да стигнат, како во селото Агио теодори, каде луѓето морале сами да се справуваат и со кофи со вода да го гаснат огнот кој се доближувал до куќите.