Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска потврди дека нема ни најмала шанса Мохамед Салах да го напушти „Енфилд“.
Медиумите со денови пишуваат за понудата на Ал Итихад од Саудиска Арабија вредна дури 100 милиони евра, додека Салах би имал 240 милиони за тригодишен договор.
Сепак, Клоп ги демантираше таквите гласини.
“Немаме понуда – Мо Салах е играч на Ливерпул и клучен за нас. Доколку има понуда, нашиот одговор ќе биде “не”. Мо е 100% посветен на Ливерпул и за нас таа тема е затворена” изјави Клоп.
Се очекува Мохамед Салах да го предводи тимот на Клоп на неделното дерби со Њукасл.