4.8 C
Skopje
16.4 C
Melbourne
петок, 22 ноември, 2024
0
Дома Балкан Паника на Косово поради изјавата на Макрон

Паника на Косово поради изјавата на Макрон

Прес-службата на Макрон соопшти за албански АБЦ њуз дека за одлуката на Франција за суспензија на либерализацијата на визниот режим за Косово ќе разговара со другите европски партнери и дека тоа е последица на „блокадата на Косово“.

Макрон на конференција за медиумите во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама не даде повеќе детали за тоа, но кажа дека прашањето на визите во моментов е суспендирано и дека тоа се случило поради „непочитувањето на дадениот збор“.

Таа изјава на Косово е протолкувана како „одлука“ за сопирање на визната либерализација, која требаше да стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Приштинскиот портал Коха пишува дека станува збор за притисок на Макрон, а не закана и дека тој не кажал недвосмислено дека сака суспендирање на визната либерализација.

„Меѓутоа, никој нема да каже дека таа опција ја нема предвид, бидејќи либерализацијата очигледно има големо внимание на Косово и зошто не би била искористена за притисок“, наведува Коха.

Францускиот лидер кажа дека го следи порастот на тензиите меѓу Косово и Србија и побара двете страни да преземат чекори за деескалација на ситуацијата.

„Одговорноста на Вучиќ е најостро да ги осуди нападите од 24 септември и да придонесе на повторно воспоставување на мир на границата. Она што го очекуваме од властите на Косово и Србија е едноставно: повторно организирање на избори во општините (на северот на Косово) кои се одржани во несоодветни услови. Учеството на Србите на овие избори и институции, признавањето на Заедницата на српски општини од страна на косовските власти. Очекувам Вучиќ да покаже одговорност, а исто очекувам и од претседателката и премиерот на Косово“, кажа Макрон.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Приштина засега нема никакво официјално барање за суспензија на визната либерализација и истакна дека одлуката за тоа ја носи Европската комисија, а не некоја земја посебно.

„По повод изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон, што е веројатно погрешно протолкувана, ве известуваме дека институциите на Република Косово не примиле ниедна друга официјална одлука околу прашањето на визната либерализација“, наведе министерството.

Додаде дека одлуките за визниот режим се носат на ниво на ЕУ, а не од државите членки и дека „немаат информација дека е побарана или почната постапка за одложување на либерализацијата на визите за Косово“.

Изјавата на Макрон е повеќе закана за премиерот Аљбин Курти отколку што постои реална можност тоа да се случи, оценуваат поранешни косовски дипломати.

Поранешната министерка за надворешни работи на Косово Мељиса Харадинај Стубла на Икс (Твитер) оцени дека изјавата на францускиот претседател е „алармантна“.

„Францускиот обид за брзо решавање на проблемот со апсурдното условување на Косово со веќе истрошената сага за либерализација на визниот режим, да се врати на неуспешниот дијалог со посредување на ЕУ, а Србија да не ја смета за одговорна за злосторничката агресија на 24 септември, е неспоив со надворешната политика и процедурите на ЕУ“, напиша Харадинај Стубла.

Поранешниот амбасадор на Косово во Брисел и висок функционер на Демократската партија на Косово Бернард Никај оцени дека суспензија на визната либерализација би била погрешна.

„Тоа би било контрапродуктивно, а не е изводливо во актуелниот систем на одлучување во ЕУ“, наведе Никај.

Melbourne
scattered clouds
16.4 ° C
17.2 °
15.3 °
86 %
0.5kmh
35 %
чет
20 °
пет
32 °
саб
35 °
нед
21 °
пон
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img