Англиските клубови имаат удел од речиси една третина во рекордните 888 милиони долари потрошени за хонорари на агентите при меѓународните трансфери во 2023 година, се наведува во извештајот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Таа бројка претставува зголемување од 43 насто во однос на потрошените 623 милиони долари во 2022 година и го надминува претходниот рекорд од 655 милиони долари во 2019 година.
Во извештајот се вели дека годинава имало рекордни 3.353 меѓународни договори и покажува дека клубовите во Европа сочинувале 87 отсто од трошоците за агенти во 2023 година.
Англиските клубови беа најголеми трошаџии годинава со 280 милиони долари. За прв пат над еден милион долари беа потрошени за хонорари за агентите во женскиот фудбал. Женските клубови потрошиле речиси 1,4 милиони долари на агентите во рекордни 125 трансфери.