Манчестер Сити уште еднаш покажа дека е крајно ранлив во одбрана оваа сезона и тоа прераснува во голем проблем за актуелниот европски шампион, кој пред да почне да мисли на Светското клупско првенство, денеска забележа уште еден разочарувачки резултат.
„Граѓаните“ испуштија сигурна победа против Кристал Палас и фрлија во вода предност од 2:0, но за да биде уште поболно за нив, загубија откако подарија пенал во самата завршница.
Мајкл Олиз ја презема одговорноста и без проблеми го матираше Едерсон за 2:2, а од цела драматична ситуација, за издвојување е и видеото кое притигна од првиот ред на трибината.
Пеп Гвардиола имаше разочарувачка реакција кога сфати дека неговиот тим остана без водство, но уште повпечатлива е онаа на 76-годишниот менаџер на Кристал Палас.
Додека Пеп гледаше во неверица како неговиот тим испушта победа, Рој Хоџсон му се сврте и му се смееше во лице на колегата.