16.5 C
Skopje
8.6 C
Melbourne
недела, 18 мај, 2025
0
Дома Спорт Лутон: Капитенот Локјер е контактибилен

Лутон: Капитенот Локјер е контактибилен

Премиерлигашот Лутон објави вечерва вонредно соопштение за здравствената состојба на капитенот Том Локјер, кој колабираше за време на дуелот против Борнмут, наведувајќи дека играчот е „контактибилен и пренесен во болница“.

Натпреварот меѓу Борнмут и Лутон во рамки на 17 премиерлигашко коло беше прекинат по еден час игра кога ненадејно на теренот колабираше 29-годишниот капитен на гостинскиот тим,

Лекарите веднаш втрчаа на теренот за да му помогнат, а кратко потоа Локјер беше изнесен од теренот. Дваесетина минути подоцна, лекарите од двете екипи потврдија дека Локјер е во свесна состојба и присебен.

„Сите наши надежи и молитви се со нашиот капитен Локјер, кој за среќа е свесен и пренесен во болница. Не ги знаеме точните детали за тоа што се случи и кои ќе бидат следните чекори, но му благодариме на Борнмут и на двете лекарски екипи за брзата и фантастична реакција“, соопшти Лутон.

Натпреварот беше прекинат при резултат 1-1, а двете екипи заедно донесоа одлука дека дуелот нема да се доигра оваа вечер.

Melbourne
light rain
8.6 ° C
10.4 °
7.7 °
87 %
5kmh
100 %
саб
9 °
нед
13 °
пон
13 °
вто
17 °
сре
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img