Пеп Гвардиола зборуваше дали сака Манчестер Јунајтед да го предизвика Сити за титулата во Премиер лигата.
– Сакам Манчестер Сити мојот тим, да биде на врвот. Останатото не ми пречи. Сакаме да бидеме таму. Тие беа само втори под водство на Жозе Мурињо. Би рекол дека не биле толку блиску до трофеј како Ливерпул долги години. Но, јас секогаш го очекував тоа од мојот прв ден тука, – вели Шпанецот.
– Секогаш очекував Јунатед да биде во игра за титулата. Поради нивната историја, традиции и многу повеќе. Тоа не се случи. Не знам од која причина. Тоа е нивна работа а не наша, – изјави тренерот на „граѓаните“.