16.5 C
Skopje
9.6 C
Melbourne
сабота, 17 мај, 2025
0
Дома Спорт „Не треба паничиме поради Ѓоковиќ – тој добро знае што му е...

„Не треба паничиме поради Ѓоковиќ – тој добро знае што му е сега потребно!“

Некогаш осмо рангираниот во светот, Џон Иснер, кој сега работи како тениски аналитичар, не е загрижен за падот на формата на Новак Ѓоковиќ на почетокот на 2024 година, откако загуби во полуфиналето на Австралија опен, а потоа уште во третото коло на Индијан Велс.

По сето ова следуваше негова одлука да го пропушти мастерсот во Мајами, поради што станува јасно дека се уште е далеку од својата најдобра форма. Иснер, сепак, смета дека Новак нема причина за некоја поголема грижа и дека наскоро повторно ќе биде оној стариот – непобедлив.

„Сè уште не ме фаќа паника. На мечот со Синер во Австралија тој призна дека неговата игра била на ниско ниво. И пак кажа, нивото беше лошо. Сепак, толку сме навикнати на големината на Новак што и кога ќе загуби, веднаш се изненадуваме“, вели Иснер.

Ѓоковиќ во Индијан Велс беше поразен од Лука Нарди, малку познат Италијанец кој не е ни во топ 100.

„Не му се туѓи вакви чудни порази. И покрај ова, јас сè уште не би кренал паника. Сето тоа ќе го среди, точно знае што треба да се направи“, уверен е Американецот.

Новак сега се подготвува за мастерсот во Монте Карло и сезоната на земјена подлога, која ќе кулминира со гренслемот Ролан Гарос.

Melbourne
overcast clouds
9.6 ° C
10.9 °
8.8 °
87 %
5.5kmh
100 %
саб
10 °
нед
13 °
пон
13 °
вто
17 °
сре
13 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img