Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Горан Пандев, вечерва повторно истрча на зелениот терен. Беше дел од ,Тимот на светот, предводен од Жозе Мурињо,и настапи во ревијалниот натпревар против селекцијата на Романија која во 1994 година на Светското првенство во Соединетите Американски Држави стигна до четвртфиналето.
Пандев во Тимот на светот беше рамо до рамо со Стоичков ,Маикон, Гомеш, Ривалдо, Савиола, Панучи, Сена, Карембе и други имиња кои оставија силен печат во фудбалот.
„Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Ѓорге Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот обединува. Фудбалската магија не познава години, граници, боја и раса, туку спојува“, рече Пандев.
За романската селекција, освен Ѓорге Хаџи, настапија и Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован.