Џуд Белингам меѓу првите го коментираше големиот успех на Реал Мадрид на „Вембли“, а европската титула има посебно значење за него бидејќи му е прва во кариерата и ја освои уште во деби сезоната во Реал Мадрид.
Англискиот репрезентативец истакнал дека ќе го памети овој момент до крајот на животот, а направил и мала анализа на триумфот над својот претходен клуб.
– Постојано ми велеа дека треба посебно да се ужива во првиот трофеј, цела недела ми кажуваат дека првиот ваков успех не се заборава.
– Борусија доминираше во поголем дел од натпреварот, имаше подобри шанси…
– Но, ако не нè убиете, ние ќе се вратиме посилни, – рекол Белингам.