По заминувањето на Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед никако да си го пронајде својот победнички менталитет и таа нивна црна серија трае веќе 11 години.
По повлекувањето на Алекс Фергусон во 2013 година, Јунајтед нема освоено титула во Премиерлигата, додека нивните ривали, Сити, освојуваа многу по доаѓањето на Пеп Гвардиола.
Но како и да е, Алекс Фергусон по цела една деценија од пензионирањето, знае дека навивачите на Ливерпул упорно зборуваат за него и го понижуваат низ разни песни, но всушност смета дека посакувале тренер како него низ историјата.
– Пензиониран сум веќе 11 години, но се уште сите овие години, слушам фанови на Ливерпул како бараат причина да зборуваат и скандираат за мене. Ме нарекуваа сланина лице, ме нарекуваа пурпурен нос, но сите добро знаеме дека тие поттајно посакуваа менаџер како мене и тоа е факт, смета Сер Алекс Фергусон.
Тој во владеењето во Манчестер Јунајтед без малку 27 години, освои 13 премиерлигашки титули, две во ЛШ и повеќе куп титули.