Џек Грилиш (27) и Ерлинг Халанд (22) изградија големо пријателство во Манчестер Сити. Тесно соработуваат во нападот на четата на Пеп Гвардиола, а најголема ѕвезда е норвешкиот центарфор кој оваа сезона постигна 51 гол во сите натпреварувања. Грилиш го опишува својот помлад колега како најголемиот професионалец што некогаш го видел.
“Ерлинг Халанд е најдобриот професионалец што некогаш сум го видел. Неговиот начин на размислување е нешто што никаде нема да го видите. Тој прави сè. Одмара и закрепнува. Тој оди во теретана. Има десет часа третман на ден. Има исто така и ледени бањи, диета… Затоа е тоа што е. Се колнам дека не би можел да бидам како него“, изјави Англичанецот за Дејли Меил и додаде:
„Ние сме одлични пријатели, но по натпреварот тој секогаш ќе покажува со прст кон мене и ќе ми каже: „Не излегувај и не се забавувај вечерва“. Само му велам да молчи и да седне во неговата ледена бања. Но, тоа сме ние, двајца различни луѓе кои добро работат на наш начин“. Во 45 настапи за Сити оваа сезона, Грилиш има пет гола и 11 асистенции во сите натпреварувања. Тој одигра 3116 минути.