Во Белград вечерва се одржа вториот протест „Србија против насилството“ во организација на повеќе опозициски партии.
Учесниците на протестот нешто по 19 часот ги блокираа двете коловозни ленти на мостот Газела, каде што, според претходните најави на организаторите на собирот, ќе останат два часа.
Насобраните протестната прошетка ја почнаа од платото пред зградата на српскиот парламент, а кога почетокот на колоната стигна до Газела, крајот не можел да ѝ се види на улицата Кнез Милош, објавија српските медиуми.
Насобраните носеа транспаренти „Исклучете РТС, вклучете го мозокот“, „Информер е лага“, „РЕМ е зло“, и извикуваат „Вучиќ, оди си“…