-1.2 C
Skopje
18.9 C
Melbourne
недела, 24 ноември, 2024
0
Дома Балкан Политичка криза или нови брзи избори во Грција

Политичка криза или нови брзи избори во Грција

Во соседна Грција неодамна се одржаа парламентарни избори на кои победи владеачката партијата Нова Демократија која и во изминатите четири години беше на власт. Сепак и покрај остварената победа врз опозициската СИРИЗА во Атина нема да има влада. Наместо партијата која освои најмногу гласови со нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис да состави влада, претседателката на државата Катерина Сакеларопулу по консултациите со сите политички чинители, назначи привремен премиер и техничка влада откакко претставниците на политичките партии Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК експресно го вратија доверениот мандат со образложение дека неможат да состави никој влада.

Како и да е, во земјата нема политичка криза пишуваат грчките медиуми. Грчки „Катимерини“ во своја анализа на темава пишува дека СИРИЗА е на интензивна нега, а прогнозите за левичарската опозициска партина не се добри во пресрет на новите избори. Дали ќе доживее бавна смрт или ќе се опорави и ќе добие шанса за сега нема прецизни прогнози што ќе се случува во општеството. Според грчкиот медиум падот на СИРИЗА на 15 проценти од 35% во 2015 година е огромен, иако тоа досега е веќе видено во грчката политика. Двете други големи партии беа слично казнети во последниве години пишува „Катимерини“.
Но гласачите во Грција за еден месец ќе треба одново да гласаат, не во втор изборен круг, туку на нови избри. Тоа го побара победничката партија, а поразените тоа го прифатија. Образложението на победниците беше дека тоа е за да ја зголемат својата победа, додека поразените тоа го гледаат како шанса за повторното гласање и нова можност за подобар резултат од оној на последните избори.

 

Ваквата на изглед необична ситуација е само последица на постизборната математика на сите политички актери. Партијата Нова Демократија освои неочекувано висока и уверлива победа, добивајќи двојно повеќе гласови од опозициската СИРИЗА на Алексис Ципрас. Сепак, таа беше недоволна за самостојно создавање влада. Требаше, затоа да се коалицира со некого од опозицијата, што лидерот на победничкта партија во овој момент не го сака. Претседателката на Грција Сакеларопулу, според атинските медиуми се обиде да издејствува создавање коалиција меѓу двете првопласирани партии, за да нема нови избори, но не успеа во тоа. Мицотакис верува дека во повтореното гласање ќе ја зголеми својата победа.

Никој со никого не сака коалиција

Светските медиуми наведуваат уште еден интересен агол на приказната со изборите во Грција. Имено за следните закажани избори кои се очекуваат да се сличат на крајот од јуни многуверојатно во земјата ќе се гласа според нов изборен модел, односно онаа партија која ќе освои најмногу гласови ќе добие бонус од 50 гласови, што според стратезите на Нова Демократија е шанса за лесна победа и самостојно формирање нова влада.

Сепак пред овој нов модел формално да се случи, на консултации во претседателската палата беше повикан и Ципрас за да се обиде тој да создаде влада, што матеметички беше тешко остварливо, а политички сосема невозможно, наведуваат медиумите. Тоа по разговорите со претседателката го призна и лидерот на Сириза, Ципрас кој изјави дека дошол на средбата, почитувајќи ја уставната обврска што ја има како лидер на партија, но само за да го извести шефот на државата дека земјата ќе мора да оди на нови.

Ривалитетот меѓу СИРИЗА и ПАСОК се брои во изгубени гласови

Во меѓувреме зад Нова демократија како партија со најмногу гласови, на сега веќе неодамнешните избори, останаа три левичарски партии, СИРИЗА, потоа ревитализираниот и некош владеачки ПАСОК со нов лидер и ново водство и грчката комунистичка партија (ККЕ).

Трите заедно може да го престигнат победникот, но и тие остануваат без потребното мнозинство од гласовите. Згора на тоа, распален е силен ривалитет меѓу СИРИЗА и ПАСОК кои меѓусебно се обвинуваат дека едни на други си ги одземаат гласовите, додека ККЕ и онака со никого не коалицира и не влегува во власта. Оваа крајно левичарска партија уште од времето на грчката граѓанска војна им служи само на Москва и на руската политика, наведуваат дел од грчките медиуми.

Во една ваква политичка атмосфера, која Мицотакис ја прави триумфалистичка за него, Ципрас од друга страна политичарот кој ја покрена финалната фаза на операцијата за спасување на Грција, се соочува можеби со уште еден пораз од Нова Демократија, која пак е на пат да освои уште еден четири годишен мандат, анализираат грчките медиуми.

Melbourne
moderate rain
18.9 ° C
19.5 °
18.5 °
91 %
2.1kmh
100 %
нед
22 °
пон
21 °
вто
27 °
сре
24 °
чет
26 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img