Томас Тухел очигледно ќе добие одврзани раце за чистење на германскиот шампион, односно за заминување на неколку фудбалери.
Според информациите кои ги пласира БИЛД во медиумите, на трансфер листа се ставени веќе Сане, Мане и Гнабри, а за очекување било да пристигнат барем две звучни имиња ова лето на „Алијанц Арена“.
Мане дојде од Ливерпул минатото лето, одигра 38 натпревари, постигна 12 голови, но по инцидентот кој го имаше со Лерој Сане, работите тргнаа низ удолница за Сенегалецот, па скоро извесно е дека ќе замине.
Сане од друга страна на 44 натпревари, постигна 14 голови и 10 асистенции, но Тухел одлучил дека овој фудбалер треба да си побара нова средина за настапи.
Тухел побарал од клубот да се откажат и од Гнабри, па на негово место да донесат подобра солуција за идната сезона.